4.8 C
Skopje
Friday, February 23, 2024

Политичката „битка“ кулминира со куршуми: Вака ли во Европа?

Викенд превирањата во Алијанса за Албанците прераснаа во закани и физички пресметки.

Дел од албанските медими утрово пишуваат дека во дворот на семејната куќа на лидерот на партијата Таравари во Гостивар бил пронајден куршум кој според нивните пишувања е дирекна закана кон животот на Таравари.

Увид во неговата куќа вршат и полициски екипи по што се најавени повеќе информации за јавноста.

Доцна синоќа пак во Тетово физички нападнат бил директорот на Агенцијата за управување со одземен имот Дритон Небиу кој бил нападнат само половина час по прес-конференцијата на Зијадин Села на која присуствувал и лично.

Инцидентот го потври и полицијата, но и Небиу лично кој преку социјалните мрежи после нападот сподели фотографија во друштво со поддржувачи и напиша: Може да ме убиете, но не можете да ме исплашите.

Раздовор во Алијанса стартуваше викендов кога првиот човек на партијата Таравари на ФБ напиша дека неговата партија треба да се приклучи на албанската опозиција. Додека поранешниот претседател на партијата и претседавач со Собранието, Зиадин Села синоќа изјави дека не го дели истото мислење со Таравари и дека ќе бара и негова одговорност

Партискското Собрание ќе заседава во сабота, на седницата се очекува партијата да донесе одлука дали ќе има одговорност за Таравари и дали на претстојните избор ќе настапат сами или во коалиција.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -