16.8 C
Skopje
Tuesday, April 16, 2024
Платено политичко рекламирање

Спасовски на „Топ тема“: Додека бев министер, личните документи се добиваа во рок од 15 дена

Најмал број на лични документи, на пасоши, биле направени во 2021 година, затоа што најмал број на луѓе побарале. Динамиката се зголемува во 2022 година и уште повеќе во 2023 година, рече поранешниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски во вечерашната „Топ тема“ на ТВ Телма.

„Од 120.000 во 2021 година, имаме околу 560.000 патни исправи кои се направени во 23023 година“, рече Спасовски.

За поголема ефикасност, истакна Спасовски, придонеле новите базни станици и зголемување на нивниот број.

„Тоа се работи кои се направени во однос на набавките. Втора работа која што е клучна, а беше направена во изминатиот период, заедно со МНР, е за првпат од независноста на државата до денес, е овозможено во нашите дипломатско-конзуларни претставништва да бидат обезбеди базни станици, да бидат поврзани во системот и на тој начин нашите граѓани кои живеат во дијаспората да ги добиваат документите“, истакна Спасовски.

Извор: Телма телевизија – целиот линк можете да го прочитате на изворот ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -

Последни објави