Пет авиони на соседната авио компанија „Ер Србија“ денеска ќе добијат име по првиот човек на рок групата „Бјело Дугме“ и композитор Горан Бреговиќ, пишува „Новости“.
После Новак Ѓоковиќ, Владе Дивац, Предраг Мики Манојловиќ и Дејан Станковиќ, името на легендарниот Горан Бреговиќ ќе биде испишано на авионите на „Ер Србија“.
Денеска во 12.30 часот е закажана свеченост каде ќе биде одржана ова церемонија и ќе бидат доделени имињата.