-0.2 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Австралиец мора да плати над 250.000 долари поради еден пост на Фејсбук

Австралиец мора да плати над 250.000 долари поради еден пост на Фејсбук

Поранешниот водач на мотоциклистичката група Ребелс бил убиен од снајпер додека седел со своето семејство во Квинана, Западна Австралија во декември 2020 година. Тој бил убиен од поранешен војник, кој три месеци подоцна бил обвинет за убиството и на крајот осуден на 20 години затвор. Бидејќи неговиот идентитет не бил откриен во моментот на истрагата, невин човек по грешка е обвинет за убиството, објави Вест Аустралиан.

Имено, Дејвид Сиглин на Фејсбук објавил три фотографии од невин човек и напишал дека е снајперистот, кој е уапсен за убиството.

На неговата објава одговориле неколку луѓе кои го предупредиле дека обвинил погрешна личност и дека ги загрозува тој човек и неговото семејство. Сепак, Сиглин одбил да ја избрише објавата, велејќи дека „нема ништо лошо во тоа да се означи личност која е обвинета“. Но, два дена подоцна бил повикан од полициски инспектор …

Во меѓувреме, човекот чија фотографија ја закачил Дејвид, од своите пријатели дознал што се случило и ги избришал сите негови профили на социјалните мрежи. Судијата на окружниот суд набрзо се огласи и рече дека невино обвинетиот маж бил објавен затоа што го вовлекувале во нешто со кое нема никаква врска.

„Беше многу загрижен за својата безбедност, поради ризикот од одмазда од бандите со мотори. Беше загрижен за безбедноста на неговото семејство и пријателите“, рече судијата.

Во пресудата, судијата навел и дека мажот се иселил од својот дом, продал сѐ што поседувал и „го напуштил вообичаениот живот“.

„Овој случај кај него предизвика чувство на страв, вознемиреност и болка. Емотивното влијание врз жртвата траеше повеќе од една година“, изјавил судијата, додавајќи дека обвиненијата против жртвата се многу сериозни.

„Тешко е да се замисли полоша работа отколку да се идентификува невино лице како убиец, особено кога обвинението се однесува на такво јавно кривично дело и каде потенцијалните последици за тоа невино лице би можеле да бидат многу опасни“, рече судијата.

На Сиглин му е наложено да му плати на човекот 250.000 долари како реституција, плус 42.041 долари камата.

поврзани објави

Последни објави