8.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Пендаровски ги кани противкандидатите на дебата, но и на вечера!

Две мастер дебати на неутрален терен, една на почетокот и втората, на крајот на изборната кампања, на кои секој од претседателските кандидати ќе добие простор да ја презентира својата програма е предлогот на актуелниот претседател и кандидат за уште еден претседателски мандат, Стево Пендаровски, соопштија од неговиот изборен штаб на брифинг со новинарите.

Ваквиот формат на претставување на кандидатите, како што истакнаа тие, се прави во најразвиените демократии и на тој начин секој од кандидатите ќе добие простор да ја презентира својата програма. Дебатата би траела три часа, а би се стримала на сите телевизиски канали.

Пендаровски, велат од неговиот изборен штаб ќе води граѓанска, европска, транспарентна и позитивна кампања и во тој контекст се прави се да се оддолее на говор на омраза преку социјалните медиуми.

На 3-ти април ќе се одржи граѓанска конвенција на која ќе биде презентирана програмата на актуелниот и кандидатот за иден претседател Пендаровски, за следните пет години, а во пресрет на големите верски празници, претседателот Пендаровски ќе ги покани сите претседателски кандидати на ифтарска и велигденска вечера.

поврзани објави

Последни објави