5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

1400 км. пеш, 35 дена за да стигне до манастирот Острог: „На ова патување со мене е Господ“

Милан Ѓундиќ пеш тргнал од Германија на аџилак во манастирот Острог. Ова патување, долго преку 1.400 километри, траеше 35 дена.

Милан го сподели својот напредок на патувањето со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм и секојдневно ги известуваше за патувањето.

– На ова патување со мене е Господ, мојот ранец и мојот оптимизам дека ќе успеам и ќе стигнам до најголемото светилиште. Бидете моја поддршка, тоа многу ќе ми значи, особено кога навечер ќе го раширам шаторот, ќе го запалам огнот и ќе останам сам во тишина – напиша тој по третиот ден од патувањето.

поврзани објави

Последни објави