6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Мицкоски: Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ – тие не стануваат тоа, до гуша се во криминал

„Победуваме силно затоа што во секој од вас се раѓа чувство на вознемиреност и длабоко во себе знаете дека е во прашање Македонија. За нашата татковина се работи“, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од митингот во Гази Баба.

Мицкоски рече дека оваа власт со години го разграбува секое вредно парче слобода, печалат на грбот на работливиот народ, и се грижат единствено за личните џебови и богатење. Нема тука кај нив никаква идеологија, туку тендери, бизниси и матни зделки.

Чувството на вознемиреност е што Ковачевски му ја сервираше Македонија на Али Ахмети, на Артан Груби и на Талат од Форино. Со 100 души од ДУИ се управува цела Македонија, а чираците од СДСМ исполнуваат се што ДУИ ќе посака. Го загубија идентитетот, се претопија во криминалот, некогаш големата партија СДСМ, ова раководство ја претвори во пудлица на Ахмети и неговите желби“, истакна Мицкоски.

поврзани објави

Последни објави