16.8 C
Skopje
Wednesday, September 18, 2024

Старински јадења што ги обожававме: Највкусното од кујната на баба!

Иако Македонците се народ што јаде премногу месо, вистина е дека нашите предци немале месо на трпезата секој ручек, туку поголемиот дел од нивните јадења се викале „сиромашна храна“.

Денес, кога индустриските производи се преполни со адитиви, кои несомнено имаат лошо влијание врз човечкото здравје, постојат сѐ повеќќе заговорници на старинскиот начин на исхрана.

Да се потсетиме на 13 омилени јадења што ги обожававме во детството, а и ден денес сакаме кога кујната ќе замириса на нив!

1. Слатка зелка без месо
Овој здрав ручек е евтин и лесно се приготвува. За да биде повкусна, додајте во зелката и друг зеленчук, како кромид (кој прво ќе го пропржите), морков, пиперка, лук ако сакате, домати и магдонос.

2. Рестован компир
Во пропржен кромид додајте варен компир и згмечете го, потоа зачинете го со црвен пипер, сол и бибер по желба.

3. Леб, маст и црвен пипер
Иако многу повозрасни луѓе ќе ги потсети на детството, ова јадење е незамисливо за денешните деца.

4. Варен компир во лушпа
Нема ништо поедноставно. Послужете го со сирење, направете салата од домати и готов е ручекот што е идеален за врелите летни денови.

5. Потпечен компир
Изрендајте излупен компир, додајте сол, бибер и ситно сечкан кромид. Потоа, сипете брашно и мешајте со додавање вода (смесата треба да биде малку погуста од онаа за палачинки). Префрлете ја смесата во подмачкана тепсија и печете ја околу половина час на 250 степени.

6. Бајат леб здробен во кисело млеко
Кога не знаете што да јадете за појадок или вечера, здробете леб во ладно кисело млеко или јогурт. Дури и децата го обожаваат ова.

7. Попара
Здробете бајат леб на парчиња во врела вода. Загрејте масло или маст и кога ќе биде врело, сипете го во водата, измешајте, додајте сирење или кајмак. Може да се прави и со млеко наместо вода, без маст и врело масло.

8. Обичен грав
Гравот е доволно калоричен и полн со протеини што воопшто не му треба месо. Морков, пиперка и кромид се одличен додаток за гравот.

9. Пржени лепчиња
Наместо за појадок или вечера да јадете сувомеснати производи полни со адитиви, направете пржени лепчиња и напијте се јогурт.

поврзани објави

Последни објави