Македонија е навистина мултиетничка земја, во која се почитува секој еден граѓанин, па макар тоа бил и турбофолкер. Колку и да изгледа иронично, сепак Џани, кој е познат српски турбофолкер навистина заслужува еден нормален пречек од еден министер односно вицепремиер на Македонија во македонската Влада.
И додека Иван го пречекува Џани и се фотографираат заедно, во Делчево веќе неколку викенди се организираат забави со преполна дискотека „Club 44″ на кои се слуша исклучиво бугарска музика.
Ова е доказ дека ние македонците правиме се што е во наша сила за да ги негуваме односите со нашите соседи. За тоа се задолжени и самите министри од една страна, но и желбата, волјата и храброста на поединци кои сакаат да организираат и забава со бугарска музика на кое се веселат заедно и македонци и бугари.
За да излезе комплетна оваа мулетничка Македонија, би било убаво да видиме некои од обожавателите на Џани да го посетат Делчево и да уживаат заедно и со гостите од нашиот источен сосед Бугарија.
PS: Нема проблем, ќе се дозволи и некоја српска песна, нема љутиш!