14.6 C
Skopje
Monday, October 7, 2024

Наташа ја нема две недели: Ја оставила ќерката, се огласи таткото од Охрид

Веќе две недели нема ниту трага, ниту глас од Наташа Совраноски, 25-годишна Македонка со германска адреса на живеење. Со партнерот и нивната едногодишна ќерка престојувала во Штутгарт пред да се случи немилиот настан.

Веста за нејзиното исчезнување на социјалните групи посветени на дијаспората прв ја објави таткото на нејзиното дете, инаку Германец.

Содржината продолжува после огласот

Za 2 dana iz vas će ispuzati hrpa parazita! Zapiši recept!
Sponsored by MonadPlug
Тој за „Фокус“ раскажа дека не е сигурен дали Наташа се наоѓа во Македонија.

Таткото на Наташа, пак, Милчо Совраноски, кој живее во Охрид, исто така за ,,Фокус” изјави дека смета како целата работа со објавата на апелот е избрзана. Според него, таа најверојатно заминала по своја воља, бидејќи имала проблеми со партнерот.

Како што раскажа таткото, Наташа била вработена како обезбедување, била зрела личност, и според него, самата заминала некаде без да каже, со намера да се среди, па потоа да си ја земе и ќерката.

Имаше несогласувања со партнерот кој не е вработен, само таа работеше, и мислам дека поради тие несогласувања си заминала. И во минатото кога одела на пример на одмор, се случувало да не ни јави, возрасна е, за нас тоа не е ништо чудно. Тоа што ја оставила ќерката со татко ѝ, може да значи дека заминала некаде да се среди, па потоа сигурно ќе дојде по детето“, изјави Совраноски за „Фокус“.

Семејството Совраноски во 2001 година се преселило во Италија, а потоа заминало во Германија. Во меѓувреме, родителите на Наташа се развеле, а мајка ѝ останала да живее во странство

поврзани објави

Последни објави