6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Рама: Балканците ќе бидат мирни додека веруваат во членството во ЕУ

Албанскиот премиер Еди Рама смета дека граѓаните и политичарите на Балканот ќе бидат мирни се додека не ја загубат вербата за членство во Европската Унија.

„Границите ќе бидат доведени во опасност доколку ЕУ седи со скрстени раце и на тој начин им го препушти регионот на Русите“, вели Рама во интервју за швајцарскиот весник „Тагесанцајгер“.

Според него, балканските земји можат да се развијат во зрели демократии единствено во рамките на ЕУ.

Рама во интервјуто оценува дека „политичката температура“ на Балканот значително се вжештува, пред се во Македонија, каде, според него, состојбата би можела да излезе вон контрола.

„Ние само бараме Владата во Скопје да ги почитува правата на албанското малцинство. За нас е незамисливо Македонците да го отфрлат албанскиот јазик како официјален јазик на национално ниво“, изјавил Рама во интервјуто.

поврзани објави

Последни објави