5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

И Франција оди на референдум

Ако Французите не сакаат да ја напуштат еврозоната, кандидатот за претседател од партијата Националниот фронт Марин ле Пен нема да ги принуди.

„Ќе го ставиме тоа прашање на референдум. Нема ништо да им наметнуваме на луѓето. Ако Французите сакаат да го задржат еврото, нека го задржат“, изјави генералниот секретар на оваа десничарска партија Никола Бајз, пренесува Ројтерс.

Повеќето приврзаници на Националниот фронт се противат на заедничката европска валута, но 72 проценти од гласачите во Франција не сакаат да се врати франкот, покажува истражувањето на агенцијата Ипсос.

поврзани објави

Последни објави