Во Нигерија од менингитис во последните пет месеци умреле 330 луѓе, соопштуваат од Министерството за здравје.
Бројот на заразени е 2.524, вклучувајќи ги и 330 смртни случаи, се наведува во соопштението. Епидемијата менингитис не е реткост во Нигерија, земја во „ менингитичкиот појас“ кој се простира од Сенегал до Етиопија.
Од анализите е потврдено дека е во прашање менингитис од нов тип, соја Ц. Најпогодена група се децата од пет до 14 години. Нигерија би требало во наредниве денови да добие 500.000 дози на вакцини против менингитисот.