Премиерот на Албанија, Еди Рама изразува загриженост, за како што вели, слабоста на ЕУ.
Албанскиот премиер оцени дека неспорно е оти може да се говори за руско влијание на Балканот, но нагласи дека до тоа дошло поради „празнината“ што ја осртавила ЕУ.
„Тоа е главниот проблем на Балканот денес, а сето останато се последици. Не изненадува тоа што некој се обидува да ги пополни празнините. Геостратешката стабилност на регионот зависи од САД и ЕУ“, изјави Рама
Тој додаде дека се надеваат дека нема да дојде до рестартирање на француско – германската оска.
Рама во изјавата нагласи дека повеќе го загрижува „европската неспособност“ од неизвесноста што ја носи новата Администрација на американскиот претседател Доналд Трамп.