-1.2 C
Skopje
Wednesday, February 19, 2025

За Бобан нема одмор, а Перински веднаш го прими: Е вака се работи!

Само еден ден по распишувањето на вториот јавен повик за поддршка на општините за инфраструктурни проекти во вредност до 15 милијарди денари, апликациите веќе почнаа да пристигнуваат.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска достави 12 пополнети апликации до Министерството за локална самоуправа и ја искористи по втор пат дадената можност од Владата за реализација на инфраструктурни проекти со пари од централниот буџет.

Ова е јасна потврда за подготвеноста и сериозноста на градоначалниците да инвестираат во развојот на своите општини и да го подобрат животниот стандард на своите жители.

↗️Нашата одлука да го продолжиме процесот и да обезбедиме финансиски средства за важни инфраструктурни проекти е оправдана и важна за локалните самоуправи.

▶️Општините можат да аплицираат со еден или повеќе инфраструктурни проекти од областа на културата, спортот, животната средина, патната инфраструктура, како и од областа на социјалната политика и образованието, најдоцна до 30 април 2025 година.

Ги охрабрувам сите градоначалници и овој пат да ја искористат можноста за оваа соработка меѓу централната и локалната власт со што заедно ќе постигнеме позитивни и реални резултати значајни за подобрување на нашите заедници и квалитетот на живот на сите граѓани во нив.

поврзани објави

Последни објави