7.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

МНР на Русија: Иницијативата за формирање на „војска“ на Косово е неодговорна

Портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова изјави дека официјална Москва ја третира како неодговорна иницијативата за формирање на вооружени сили на Косово, од аспект на безбедноста во регионот и е спротивна на постоечките договори, како и на резолуцијата 1244.

„Се осврнавме на зборовите на американскиот амбасадор во Приштина, Грег Делави за поддршката на Вашингтон на иницијативата за формирање вооружени сили на самопрогласената Република Косово со услов дека тоа ќе се случи преку усвојување амандман на косовскиот устав. Идејата за транформација на Безбедносните сили на Косово во полноправни вооружени сили властите во Приштина ја туркаат со години. Се прават обиди тоа да се стори во псевдоправен контекст, се наведува во коментарот на Захарова, кој денеска го пренесува Спутник.

Таа додаде дека е клучно тоа што овие акции сами по себе се кршење на меѓународното право, бидејќи се спротивни на резолуцијата на Советот за безбедност на ОН 1244, која предвидува воено присуство во покраината, исклучиво врз основа на мандат на СБ на ОН, односно ЕУЛЕКС и КФОР, кое во најголем дел е составено од контингенти на земји-членки на НАТО,

поврзани објави

Последни објави