Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во второто коло од квалификациите на ВТА турнирот во Биел Биене, Швајцарија.
Таа во првото коло во меч што заврши пред полноќ (последен од 1. коло квалификации) ја победи Олга Савчук од Украина со 2-1 во сетови (6:2; 3:6 и 6:2 во гемови). Мечот траеше 87 минути.
Ѓорческа во недела во второто квалификациско коло ќе игра против Диана Марцинкевича од Летонија, која беше подобра од седмата носителка од квалификациите Анастасија Комардина од Русија.
Турнирот се игра на тврда подлога и е со награден фонд од 250.000 долари.