„Super Nintendo“ се враќа во целосно проѕирно куќиште со „стаклени” кертриџи, а играта „Super Mario World“ ќе биде дел од продажниот пакет.
Конзолата ќе биде со „ексклузивно ограничена достапност” и секој примерок ќе има сериски број и ќе биде уникатен. Цената уште не е најавена, но веруваме дека нема да биде за секој гејмерски џеб.
Конзолите се направени целосно од почеток, но од материјали кои веќе се користени во производство на SNES конзолите, а за овој модел се рециклирани.