14.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Најскапиот подарок

Ја земав чантата и излегов од дома..
Денес ќе излезам на шопинг, ама сама..

Ќе те замислам дека си до мене и ми се спротиставуваш, кое парче облека да го купам..
И на крај ќе го земам тоа што ти го сакаш..
Се додека ти беше крај мене покрај мене бев и јас..
А денеска љубов скитам сама и ништо не ми стои како ти кога беше покрај мене..

Се смеам како луда да мислат другите колку ми е убав животот..
А мене одвнатре нешто ме распарчува на делови..
И така љубов моја помина половина од денот..
И прв пат доаѓам дома со празни раце од шопинг..

И знаеш што..
Облеката не те прави убав туку љубовта..
Зашто и најголемиот просјак кога е сакан станува најубаво човече..

Да ти е мерак да го гледаш..

Автор: Ани Тричковска

поврзани објави

Последни објави