Црквата со апел до верниците при одбележувањето на Христовото раѓање, големите огнови да се намалат, а таму каде што може и воопшто да не се палат. Подобро е да се помогне на некое сиромашно семејство отколку во рок од неколку часа да бидат потрошени големи количини на дрвја, истакна архепископот на МПЦ, Г. Г.Стефан.
Прогласот на архепископот предизвика голем жар на социјалните мрежи, даде поттик за размислување кај многумина, но доби и истовремено критика за исклучувањето на црквата од учевството за ваквите настани.
Традиционалното палење на коледарските огнови за Бадник според Македонската православна црква не е христијански туку пагански обичај и затоа Црквата ги повика верниците да се откажат оваа традиција и да појдат на богослужба во црква.
Популарниот шоумен Бојан Јовановски, познат во јавноста како Боки 13, со критика за свештените лица, бара тие да ги донираат своите златни ланци и својот возен парк и да покажат дека навистина се грижливи за оваа категорија на луѓе, за која како што вели ќе им значи многу повеќе, отколку дрвјата за коледарските огнови!
Според него, многу попагански било кога поповите одат со одредена тарифа на погреби и крштевки, отколку кога луѓето покрај огнот се развеселуваат и дружат!
„Денес е денот кога се палат коледарските огнови….. Татко ми е кум на вечерната фешта во нашето омилено Тафталиџе…. Со среќа кумството, Миле! Денес цел ден слушам по медиуми дека црквата и свештените одговорни лица биле против овој обичај, нарекувајќи го пагански… Па вака, сега да ги прашам јавно што е попагански, дали огновите каде луѓето наоѓаат прилика да се провеселат и да се дружат, или пак попагански е кога ПОПОВИТЕ ОДАТ СО ЦЕНОВНИК И ПРЕЦИЗНА ТАРИФА НА ПОГРЕБИ, ПАРАСТОСИ, КРШТЕВКИ, ВЕНЧАВКИ ?! И за крај, верата си ја сакам и почитувам, но вас ДРАГИ ПОПОВИ И ПОПЧИЊА кои сте како инкасатори за струја, нити морам, нити сакам да ве почитувам! МПЦ апелирала да не се палат огнови и дрвата да се донираат на социјално загрозените граѓани, а јас и апелирам на МПЦ да им ги донира на социјално загрозените своите златни ланци што ги носат околу врат и прескапиот возен парк… Штом е толку грижлива кон оваа категорија на луѓе, многу повеќе ќе им значат овие материјални добра на МПЦ, отколку дрвата за коледарските огнови!“, напиша Боки на својот Фејсбук профил.