Претседателот на државата, Ѓорге Иванов нема да се сретне со поранешниот премиер и министер за надворешни работи на Шведска, Карл Билд кој е во посета на Македонија.
„Во агендата на претседателот не е предвидена таква средба“, велат од кабинетот на Иванов.
Билд кој на својот Твитер профил најави дека денеска доаѓа во Скопје напиша и дека не гледа знаци за крај на кризата во Македонија.
„Не и се гледа крајот на уставната криза во Скопје. Се чини дека разликите во ставовите се се подлабоки. Ситуацијата е тешка“, напиша тој на Твитер.
Тој не наведе детали за посетата на Скопје и за евентуални средби. Некои од медиумите јавија дека Билд ќе се сретне со Иванов и со политичките лидери.