6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кралицата Елизабета Втора го прослави 91. роденден

Британската кралица Елизабета Втора, која е и најдолго управувачки монарх во светот денес го слави својот 91. роденден.

Роденденот ќе биде одбележан со топовски почесна стрелба од „Тауер Бриџ“ и „Хајд парк“ во Лондон. Оваа година прославата ќе помине многу по скромно во споредба со минатогодишната прослава кога беше одбележан нејзиниот јубилеј, 90. роденден.

Тогаш, во дворецот на прославата присуствувале многубројни актери и пејачи кои со своите настапи ги воодушевија сите присутни. На прославата имаше 900 коњи, а покрај нив се појавиле британските морнари и војници.

Елизабета Втора го завзема британскиот престол во 1952 година, кога британската империја беше во остар пад. Сепак еден од најтешките периоди во нејзиното управување се 90-те години, кога браковите на три од нејзините четири деца се распаѓаа.

Кралицата стои настрана од политички дебати и избегнува да го коментира излегувањето на Велика Британија од Европската унија. Низ годините, додека е на престолот, Елизабета успеа да го задржи приватниот живот во тајност колку што може повеќе. Минатата недела медиумите успеаа да ја фотографираат кралицата како храни слон при посета на зоолошка градина во Велика Британија.

поврзани објави

Последни објави