5.8 C
Skopje
Sunday, December 1, 2024

Најмалку 140 авганистански војници убиени во напад на талибанците врз воена база

Најмалку 140 авганистански војници се убиени во вчерашниот напад на талибанците, врз воена база во градот Мазар и Шариф, во северен Авганистан, соопштија авганистанските власти.

Претставник на властите изјави дека има многу ранети, поради што постои можност бројот на жртвите да се зголемува. Изворот побарал да остане анонимен, со оглед на тоа дека Владата се уште не изнела официјални податоци за загинатите.

Американски претставник вчера од Вашингтон соопшти дека над 50 лица се убиени во нападот.

Подоцна авганистански извор нагласи дека во нападот се убиени 50 и ранети 76 лица, но бројот на жртвите може да се зголеми.

Околу десетмина талибанци, облечени во униформи на авганистанската армија и со воени автомобили, упаднале вчера во базата и отвориле оган врз војниците, од кои дел јаделе во мензата или излегувале од џамијата по петочната молитва.

Напаѓачите користеле рачни противтенковски мини и автоматски пушки.

Портпаролот на талибанците изјави денеска дека нападот бил одмазда за неколку високи талибански команданти, кои неодамна беа убиени во Северен Авганистан.

Мазар и Шариф е главен град на провинцијата Балх.

поврзани објави

Последни објави