25.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Џафери: Присуството на Хојт Ји ја потврди поддршката за изборот на претседател на Собранието

По прв пат по трагичните настани од 27 април овде во просториите на Собранието, ја имам можноста да ви се обратам како претседател на Собранието и да ве информирам дека имав можност да остварам средба со високиот претставник на САД, господинот Хојт Ји, со кого разменивме доста разговори по однос на потребата, стабилноста и делувањето институционално на Собранието да се врати во функција, да што побргу ги заборавиме последиците од 27 април.

Неговото присуство уште еднаш ја потврди поддршката што ја даваат за изборот на претседателот на Собранието, како и за другите активности што треба да ги превземеме во смисла на враќање на стабилноста и функционалноста на Собранието.

Од моја страна, ги осигурав нашите пријатели дека, јас како претстедател на Собранието ќе бидам на сите пратеници во Собранието, без оглед на нивната етничка и партиска припадност и без оглед на тоа како се изјасниле за изборот на претседателот на Собранието.

Се надевам дека набргу и тие пратеници и граѓани, новинари што беа повредени што побргу да се опорават, да се вратат во нивните семејства и да можат да се вратат на нивните активности, политички и фамилијарни и да продолжиме со работа во Собранието на Република Македонија.

поврзани објави

     

Последни објави