Денес во Македонија православните христијани го слават Божиќ, празник за раѓањето на Исус Христос, најсреќното случување во христијанскиот свет.
На Божиќ традиција е да се стане пред изгревањето на сонцето, важно е кој ќе биде првиот гостин во домот, затоа што тој би требало да донесе радост и среќа во претстојната година.
Утрово во сите цркви и храмови во државата се одржаа литургии, а оние кои се пречестија по 40 денови пост, денес го имаат својот прв мрсен ден во годината, момент за кој вообичаено се подготвува печено свинско.
Денес свое име празнуваат Христо, Христина, Божин, Ристо, Христина, Ристана и Ристовка.