4.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

ВИДЕО: Децата војници на Русија и Кина

Официјално во Русија учениците не се обврзани да минуваат воена обука. Од години во земјата многу популарни се воено-патриотските клубови, кои нудат таква подготовка. Русите масовно ги праќаат своите деца во споменатите кампови, како таков пример даваат дури и политичарите од највисокиот ешалон – министри и луѓе од високата државна администрација.

Во камповите децата се учат да ракуваат со оружје – пукаат со пушки, автомати и гранати, а големите дури остваруваат скокови со падобран. Обука можат да добијат не само ученици туку и деца во градинка. Тие тренираат како треба да се однесуваат за време на нуклеарен или хемиски напад, боречки вештини и бокс, работа со ножеви и огнено оружје, и физичка подготовка.

Строго застапен елемент од воената обука се православните вредности, како во логорите периоднично присуствуваат свештеници кои извезуваат проповеди и предавања. Многу руски училишта веќе нудат армиска подготовка за своите ученици, која иако не е задолжителна, се радува на широко одобрување. Студија од 2016 година покажа дека 60% од Русите ја поддржуваат воената обука за ученици.

Далеку посериозна е ситуацијата во Кина, каде воената обука за сите ученици и студенти е задолжителна. Таа трае 15 дена и се одржува обично во текот на летото. Учениците и студентите добиваат униформи и се учат како да бидат професиоални војници. Многумина аналитичари сметаат дека системот на воената обука во Кина се одржува со децении од идеолошки причини – за да може државата на уште еден начин да наметнува послушност кај граѓаните. Во светот има и други држави, како што се Индија, Пакистан и Јужна Кореја, кои во поголем или помал обем применуваат или размислуваат да воведат воена обука во училиште.

поврзани објави

Последни објави