fbpx
-0.2 C
Skopje

Царовска: Новата Влада ќе воведе семејни работници кои ќе се грижат за семејствата (ВИДЕО)

АКТУЕЛНО

Мила Царовска, претседателка на Комисијата за труд и социјална политика на СДСМ денеска оддржа прес-конференција на која што кажа дека новата влада ќе направи измени и дополнување на Законот за социјална заштита и воведување на семеен социјален работник.

„Да имаше нова Влада, за граѓаните и семејствата денеска ќе се грижеа социјални работници како во европските земји. За сите граѓани кои имаат одреден проблем што не можат самостојно да го решат, како различни партнерски односи, конфликти и комуникација со деца, развојни проблеми кај децата, недоразбирања со семејствата и заедницата, ќе имаат помош од државата.

Многу е важно системот за социјална заштита да ги прифати и поддржи граѓаните пред тие да влезат во социјален ризик, или оние кои се соочиле со исклучување или сиромаштија, државата да им обезбеди систем кој ќе ги извлече порано, бидејќи колку подолго граѓаните се наоѓаат во социјален ризик толку потешко можат да се извлечат од таа состојба.

Затоа предвидуваме измени и дополнувања на Законот за социјална заштита и воведување на семеен социјален работник. Ова значи стучни лица, социјални работници да бидат на терен блиску до граѓаните, да работат на интервенција, превенција, советување, упатување и заедничко решавање на социјалните проблеми.

Во прва фаза ова значи вработување на 60 нови социјални работници, кои теренски ќе бидат ангажирани преку центрите за социјална работа. Уште во следните три месеци во 2017 година ќе се обезбедат околу 4.5 милиони денари за оваа мерка.

Македонија е социјална држава и затоа е многу важно ваков тип грижа да се обезбеди за сите граѓани.

Овој модел ќе овозможи институциите навремено да добиваат информации за социјалните ризици со кои се соочуваат граѓаните, наспроти она што се случува сега, граѓани во безизлез се оставени на случаност и тие го уништуваат сопствениот живот, ги уништуваат животите на нивните семејства, а при тоа не даваат придонес кон развој на општеството.

Семејниот социјален работник е само еден сегмент којшто треба да се направи како измена и дополнување на Законот за социјална заштита. Нашата крајна цел е нов Закон за совијална заштита, што ќе нуди нови, современи форми коишто даваат ефикасна социјална заштита во оваа држава. Но, тоа го предвидуваме во следна фаза, поради тоа што се потребни анализи и проценки кои ќе се направат преку Министерството за труд и социјална политика. Ќе треба да се направи тестирање на најосетливите мерки на заштита на граѓаните, за да може, она што ќе го понудиме навистина да дава ефект и навистина да превенира социјални ризици кај граѓаните. Дури потоа ќе го донесеме тој нов закон за кој зборуваме

Ќе работиме одговорно, без импровизации, со цел да обезбедиме вистинска социјална заштита.

Граѓаните гласаа за промени, затоа повикуваме веднаш да се даде мандатот за формирање Влада на претседателот Заев, со цел формирање на реформска Влада којашто ќе донесе живот за сите грaѓани на Македонија“ изјави Мила Царовска на денешната прес-конференција.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -