5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Тилерсон: Меѓу Вашингтон и Москва нивото на доверба е многу ниско

Билатералните односи меѓу Вашингтон и Москва никогаш не биле толку лоши уште од времето распаѓањето на Советскиот сојуз, „со многу ниско ниво на доверба“, изјави американскиот државен секретар Рекс Тилерсон во интервју за Ен-Би-Си.

„ Општо земено, тоа не е корисно за светот, како и за американскиот народ, за нашите интереси во областа на нционалната безбеднст“, истакна Тилерсон.

Истовремено, Толерсон предвиде дека во сегашните услови „нема да има нов почеток“ во односите меѓу САД и Русија.

„ Неопходно е да гледаме на тие односи во поопшта перспектива… за да го обновиме, доколку е возможно“, заклучи Тилерсон.

Слична песимистична констатација за билатералните односи меѓу САД и Русија, неодамна даде и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Во интервјуто Тилерсон призна дека Русија „можеби била вмешана“ во претседателските избори што се одржаа во ноември минатата година во САД, но напомена дека извештаите на американското разузнавање покажале оти не може да се извлече заклучок дека тоа влијаело на исходот од гласањето.

поврзани објави

Последни објави