5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Британскиот министер ја поздрави одлуката на Иванов за доделување на мандат на Заев

Британскиот министер за Европа и Америка, сер Алан Данкан ја поздрави одлуката на претседателот Ѓорге Иванов да му овозможи на парламентарното мнозинство предводено од лидерот на СДСМ Зоран Заев да формира влада.

„Ова е битен чекор напред. Обединетото Кралство ги повикува сите политички лидери да работат заеднички, конструктивно и во интересот на Македонија и сите нејзини граѓани. Ние сме подготвени да ги помогнеме таквите напори и да ја поддржиме Македонија во нејзините аспирации за ЕУ и НАТО“, се наведува во изјавата на сер Алан Данкан објавена на веб страницата на Британската влада.

поврзани објави

Последни објави