fbpx
4.8 C
Skopje

ЛЕГЕНДАТА заминува од Олд Трафорд „Имам понуди и наскоро ќе донесам одлука“

АКТУЕЛНО

Последните минути од Финалето на Европската лига по се изгледа ќе бидат и последен настап за Вејн Руни во дресот на Манчестер Јунајтед. После 13 години поминати во дресот на црвените ѓаволи Руни ова лето ќе го напушти Олд Трафорд.

„Имам доста понуди, како од Англија, така и од остатокот од светот“. Се уште немам донесено одлука, но во следните неколку недели се ќе биде јасно“, порачува 31 годишниот напаѓач.

Еден од клубовите кои сака да го види Руни во нивните редови е Евертон, во чиј дрес играчот ја започна својата кариера.

„Не играм како што играв пред десет години, но се уште можам да одиграм квалитетно“, вели Руни во однос на неговата подготвеност и квалитет како 31 годишен напаѓач.

 

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -