Селенот е важен минерал за нашиот организам, а дневната потреба од него е само 55 микрограми.
Тој е познат антиоксидант, и во комбинација со витамините Ц и Е, витаминот Б3 и глутатион, ги заштитува нашите клетки од штетното дејство на слободните радикали.
Одрдени истражувања покажаа дека селенот го намалува ризикот од канцерот на простата.
Исто така, позитивно влијае и на плодноста кај мажите и ја зголемува потенцијата. Селенот го зајакнува имунитетот и ни помага да се избориме со стресот.
Некои истражувања покажаа дека може да помогне и во ублажувањето на симптомите на астма.
Доволниот внес на селен е важен за доброто расположение.