-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО за Македонија гости на конгресот на СДСМ

Коалицијата ВМРО за Македонија денеска беа гости на 22 конгрес на СДСМ. Претставници од политичките партии на Љубчо Георгиевски, Љубе Бошковски и Стојанче Ангелов беа дел од отворениот дел на конгресот.

Љубе Бошковски од Обединети за Македонија, Никола Тасев и Љупчо Балкоски од ВМРО Народна и Стојанче Ангелов од Достоинство ги претставуваа своите политички партии и беа дел од конгресот, на кој имаше гости и од европски партии чии претставници се обратија.

Во изминатиот период во медиумите се погласни се шпекулациите дека ВМРО за Македонија ќе биде дел од новата влада на Република Македонија. Од таму најавија дека во идниот период ќе работат на привлекување на членството на ВМРО-ДПМНЕ во нивните редови.

Лидерот на Обединети, Љубе Бошковски во гостувањето на емисијата „Специјал“ на ТВ 21 рече дека еден ден ВМРО за Македонија и СДСМ е нормално да се судрат бидејќи станува збор за политички партии со различна идеологија, но тоа според Бошковски ќе биде фер борба со аргументи.

поврзани објави

Последни објави