4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски ОБРАЌАЊЕ: Се фалеше со проектите на ВМРО-ДПМНЕ, не упати честитки за новата ВЛАДА

Бевме под притисок од надворешни центри. И покрај тоа народот ни даде најголема доверба. И покрај јасната победа, и покрај принципот на коалицирање победник со победник, со прекршување на овој принцип токму од оние кои некогаш го бараа, како и при неуставен избор на претседател на Собранието, се издејствува ново мнозинство а наскоро и нова Влада. Непринципиелно, на сила и недемократски. Личните и партиските интереси ги ставивме под државните интереси. Главната причина за оваа надворешна операција беше поради нашето барање за фер решение за спорот со името, а не наметно решение кое ќе не обезличи како народот. Од новото мнозинство очигледно имаат друг пристап по ова прашање, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање од собраниската говорница.

Слушнав како ќе тргнела економијата, демократијата, судството, владеењето на правото, платите. Од секогаш познат манир на СДСМ бил – многу ветувања – мал учинок. Поради нашите резултати во 10 изборни циклуси ВМРО-ДПМНЕ победуваше, истовремено СДСМ трпеше 10 изборни порази по ред, вклучително и на последните избори.

Сакам да ги потсетам СДСМ што тие ни оставија, а што ние ним им оставаме. Времето ќе помине, па ќе се споредиме. Ние во 2006 се соочивме со наследството блокирана сметка на буџетот. За разлика од нив, ние оставаме полна каса и здрав буџет, со значително помали даноци.

Никола Груевски во своето обраќање се фалеше со проектите кои ги остварила владата на ВМРО-ДПМНЕ, споредувајќи ги со оние кои СДСМ ги направиле до 2006 година.

Новата влада се сили дека ќе ги направи новите реформи од ЕУ. Ние направивме реформи во судството, медиумите и други области. Сите беа пофалени. Единствено е смешно што кога реформите треба да бидат спроведени, од луѓе кои мислат дека реформите почнуваат и завршуваат со нив.

Никола Груевски во својот говор им честита на граѓаните кои протестираа и му честиташе на претседателот Ѓорге Иванов, велејќи дека тие се оние кои ја бранеле унитарноста на државата.

Најмалку во првите шест месеци за неспособноста ќе не обвинувате нас, ќе ја префрлате вината на нас, но тоа нема да ви помине. Ние ќе останеме будни. Членството во НАТО и ЕУ ќе остане стратешка цел на ВМРО-ДПМНЕ, рече Груевски.

Тој рече дека повикот за предвремени парламентарни избори останува.

поврзани објави

Последни објави