6.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

(ВИДЕО) Георгиевски: Македонија мора да се интегрира во ЕУ и НАТО

Никола Груевски додека беше министер во мојата влада беше перфектен министер. Мислам дека првите 2 години од неговото владеење беa релативно добри, но потоа влегоа во антиквизација, потоа ирационален македонски национализам, потоа се претворија од демократи во автократи во еден период кога целосно го затемнија медиумскиот простор, за да на крајот завршат со една антиалбанска реторика за која што јас не памтам да имало ниту во 90-91 година“, вели поранешниот премиер Љубчо Георгиевски во гостувањето на емсиија на Алсат М телевизија.

Овие два дена колку и да се критични, колку и да се нерационални во нивните критики и настапи, процесот се враќа во нормала на демократската игра. Имам чувство дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги користи сите игри со долги дискусии, долго одлагање на седници и слично. Мислам дека во оваа ситуација тоа може само да им наштети, вели тој.

Георгиевски смета дека тоа што ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека некој од надвор сакал да ги симне од власт е апсурд.

Мислам дека приказната со надворешните центри им се удри од глава. Тие таа приказна ја почнаа со аферата за прислушувањето. Дека некој странец се има замешано во целата приказна, тоа е апсурд. Тие толку ја фрлија топката дека од надворешни центри е снимано, што сметам дека кај надворешни центри се создаде револт да докажат дека тие не се вмешани во таа работа. Токму тоа сега го работи СЈО.

Снимање има во сите држави. Да не се лажеме. Сами сега гледаме и ова со Викиликс гледаме дека и во Германија снимале, Америка, Англија, сигурно и во Русија иако не се истечени документите. Сегде државите по малку снимаат. Но работата е што тука имаше една специфика што ретко се случува на друго место. Проблемот беше што власта ги снимала повеќе своите луѓе, отколку другите. Да одеа на тивко признавање на вината и со блага амнестија на тој дел на прислушување, не зборам за делот за криминалите, тие ќе имаа помали проблеми. Тие како што гледаме сега навлегле со уништување на техника, компјутери што дополнително им ја комплицира целата ситуација, вели Георгиевски.

Според Георгиевски албанското прашање може да биде решено само доколку меѓународната заедница реши да помогне на директен начин.

Ако ме прашувате мене, глобално сметам дека е крајно време меѓународната заедница да направи една балканска конференција на која отворено ќе се постават сите прашања и да се седне и да се разговара што со албанското прашање. Јас лично сум убеден дека оваа ситуација која ја имаме на Балканот е вештачка и неодржлива. Имаме ситуација на една и пол српска држава, една и пол хрватска држава и ситуација на две и пол албански држави. Јас како политичар кој 25 години е во политиката, не сум драматичар, но го гледам проблемот во неговите очи. Балканците ова сами не можат да го решат, ако овде не седне меѓународната заедница и не рече: Како да одиме понатаму?, вели Георгиевски.

Јас за принцип сметам дека граѓаните се еднакви. Можам да ви кажам дека македонците се исто така жртви на овој систем, дури можеби и повеќе од самите албанци. Колективно сигурно има повеќе македонци жртви, отколку албанци. Има простор за проширување на употребата на албанскиот јазик. Тука морам да потенцирам дека според она што го гледам дека можностите на Охридскиот рамковен договор се исполнети. Ние сега можеме да зборуваме за проширување на тој простор во судството, во локалната самоуправа, во разна владина комуникација. Тука има еден простор голем кој може да се освои во тој поглед а македонскиот граѓанин да не се чувствува загрозен.

Беса поставија серија на непринципиелни барања. Сите влади од 90 во Македонија се коалициони. Кога ќе се утврди кои партии учевствуваат во владата, обично секоја партија си има суверено право да си одлучи кои министри ќе ги претставува. Ако ДУИ избрале корумпирана личност да ги претставува, тоа е нивен ризик. Го следам однесувањето на БЕСА. Цело време зборуваат против ВМРО-ДПМНЕ а направија серија на потези кои им одат во корист на ДПМНЕ и ја минираа целата оваа ситуација за побрза транзиција.

Јас сум еден од македонските политичари кои отворено зборуваат за спорот со името. Јас мислам дека додавката од типот Горна или Северна Македонија не значи нарушување на идентитетот на Македонија. Мислам дека овој проблем го исполитизира ВМРО-ДПМНЕ. Ако тоа беше проблем од интезитет 3 на скалата Рихтер, тие го кренаа на 10. Тие со овој проблем два или три изборни циклуси победија, како сите други се предавници, а они патриоти по тоа прашање. Ќе ми биде голема сатисфакција ако г. Заев го реши овој проблем. Ние сме премногу надвор од Евроатлантската интеграција. НАТО значи трајна стабилност за нашата држава, а ЕУ финансиска помош за да ги стигнеме другите балкански држави.

Според Георгиевски меѓународната заедница би можела да одигра голема улога во целата оваа ситуација доколку ја притисне Грција, Македонија да влезе во ЕУ и НАТО под придавката „ФИРОМ“, со цел да се забрза овој пат.

Георгиевски вели дека граѓаните очекуваат економски просперитет од новата ВЛАДА, но напомена дека тоа нема да биде лесно поради тоа што владата на ВМРО-ДПМНЕ оставила многу долгови. Тој рече дека очекува во првите 100 дена да се почувствува вистинската демократија.

Георгиевски рече дека ја поддржува новата влада за да се демократизира Македонија, да тргнеме кон евроатланската интеграција и да се смени политиката кон соседите. Доколку тоа оваа влада го направи тоа, ќе ја добие нашата поддршка. Јас лично немам големи политички амбиции но сакам Македонија да оди напред. Би се радувал ако дојдат нови ветришта во ВМРО-ДПМНЕ. Очекувам раздвижувања во ВМРО-ДПМНЕ. Би сакал оваа партија внатрешно да се реформира, ќе видиме што ќе се случи. Јас кога изгубив и кога бев изолиран за да и помогнам на партија си дадов оставка. Тука не е сега работата дали некој од внатре ќе го менува Никола Груевски. Тие тре да си го постават прашањето. Дали периодот што ќе следи со СЈО, тоа раководство може да ја врати партијата на власт после четиригодини или пак само ќе ја забетонира позицијата на СДСМ да добие власт уште четири години. Оставката на Никола Груевски ќе биде дел од решението за ВМРО-ДПМНЕ. Ова нема туку така да помине. Мислам дека партијата ќе влезе во една тотална изолација доколку ВМРО-ДПМНЕ внатрешно не се реформира, рече екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Љубчо Георгиевски. 

ВИДЕО од емисијата ОВДЕ

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -