5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Костоски: Георгиевски и „народњаците“ беа нарекувани Бугараши и предавници, а денес тоа е државничка работа

Претседателот на ВМРО Народна од Охрид, Ванчо Костоски на својот ФБ профил ја поздрави денешната посета на Бугарија на македонскиот премиер Зоран Заев и оцени дека е позитивен пресврт во нашата надворешна политика, но и потсети дека неговиот лидер Љубчо Георгиевски за ова зборувал уште одамна односно пред седум, осум години, но разликата од тогаш до денес е што луѓето од Народна биле нарекувани предавници и „Бугараши“, додека денес тоа е државничка работа.

„Денешната посета на Премиерот Зоран Заев на нашиот источен сосед е за поздравување и преставува позитивен пресврт во нашата надворешна поликтика
ВМРО НП а особено нашиот лидер Љубчо Георгиевски пред 7-8 години зборуваше за ова.
Разликата е во тоа што тогаш бевме нарекувани Бугараши и предавници а денес тоа е државничка работа.
Се надевам некои наши сограѓани и од Сдсм и од Дпмне ќе најдат доблест да ни се извинат што сме секогаш пред времето. 

П.С. не мора јавно може во инбокс,“ стои во ФБ статусот на Костоски на социјалната мрежа Фејсбук.

Претседателот на ВМРО Народна Партија Љубчо Георгевски во минатото, во повеќе наврати јавно зборуваше за тоа дека Македонискиот и Бугарскиот народ во историја биле најблиски, имале најголема соработка. Тој постојано повикуваше историчари, доктори на науки да изберат на кој сакаат медиум да зборуваат за таа македонско – бугарска историја. Георгиевски во интервју на 24 вести беше и првиот македонски политичар кој рече дека некои празници и не може да не се слават заедно со Бугарите, ако сакаме да бидеме објективни.

Денес премиерот на Република Македонија Зоран Заев беше во посета на Република Бугарија, каде што заедно со бугарскиот премиер Бојко Борисов разговарале и ги приближиле ставовите во врска со договорот за добрососедство и очекуваат да го потпишат на 2 август во Македонија за време на заедничкото чествување на Илинден.

поврзани објави

Последни објави