21.8 C
Skopje
Friday, March 29, 2024

ЧЕЛСИ ГО ПРОДАВА МАТИЌ, веднаш му наоѓа замена и уште тројца за 270 милиони евра

Челси оваа недела би можел да потроши огромни 270 милиони евра за нови засилувања!

Спрема пишувањата на британските медиуми менаџерот на Челси Антонио Конте прво ќе се реши од Немања Матич, српскиот играч кој својата кариера ќе ја продолжи кај Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед.

Челси веќе најде замена за Матиќ – во следните неколку денови на Стемфорд Бриџ би требало да пристигне 22. годишниот дефанзивец на Монако Бакајоко Тиемоуе за кој англискиот првак ќе плати 43 милиони евра.

Освен замената за Матиќ, синиот дрес би требало да го облечат уште тројца фудбалери до крајот на неделата.

Конте е во план да го купи одбранбениот играч на Саутемптон Виргила Ван Дијка за кој што нуди неверојатни 68 милиони. Два милиони повеќе ќе потроши на година дена постариот Бразилец Алекс Сандро, за кој Јувентус веќе прифати рекодна понуда.

Последното засилување би требало да биде и најголемо – Во Челси ќе се врати Ромелу Лукаку од Евертон за 90 милиони евра. Во Белгискиот напаѓач Конте гледа идеална замена за Диего Коста со кој италијанскиот тренер и не е во добри односи.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -