2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ФОТО: ММА борец брутално претепа порно ѕвезда, обвинет е за обид за убиство

ММА борец познат како „War Machine“ следниот месец ќе заврши на суд под обвинение за обид за убиство на неговата поранешна девојка, порно ѕвезда Кристи Мек.

Поранешната двојка која веќе беше на суд, се запозна во 2013 година.

„Се заљубив многу брзо, а во еден момент направив тетоважа на своето тело на која пишуваше „Property of War Machine“, вели Кристи Мек.

Таа во интервју за ЕСПН, истакна дека борецот после 4 месечна врска почнал да биде насилен, но бидејќи таа била заљубена ги трпела неговите напади.

„Првиот пат си помислив, добро, нема да се повтори, но за жал моментите кога тој стануваше агресивен беа се почести. Секој пат кога ќе ме удреше, тој се каеше, а наредните неколку денови после тоа беа најдобрите денови на нашите односи“, додаде таа.

Џонатан Копенхавер, кој во 2008 година законски го промени своето име во „воена машина“, наводно ги претепал неговата поранешна девојка и нејзиниот пријател. Според извештајот на полицијата, ММА борецот влегол во домот на порно ѕвездата во Лас Вегас, обвинувајќи за изневерување со Томас.

Десет минути го удирал Томас а во тие моменти порно ѕвездата успеала да дојде до телефонот и да повика полиција.

Како изгледаше после нападот, таа објави на социјалните мрежи.

поврзани објави

Последни објави