fbpx
-6.2 C
Skopje

ДС: Промените мора да поминат низ филтерот на експертската и демократската јавност

АКТУЕЛНО

„Демократскиот сојуз оценува дека системските промени мора да се одвиваат со продлабочени анализи, споредбени искуства и вклучување на интелектуални и стручни капацитети, како и користење на надворешни (странски) експерти.

Сосема се разбирливи коментарите и реакциите од голем број на граѓани кои очекуваат брзи и системски и кадровски промени, но Владата на Република Македонија, треба да се држи до српската поговорка “брзај полека” (жури полако), бидејќи промените мора да поминат низ филтерот на експертската и пошироката демократска јавност.

Почнатите реформи во финансиите, најавата за зголемување на минималната плата, укинувањето на радиодифузната такса и сл., се добар почеток, но најголемиот отпор се очекува при реформите на судскиот систем кој е целосно под контрола на претходната власт.

Злоупотребувајќи ги деловничките можности, ВМРО ДПМНЕ го блокира процесот на промена на Јавниот обвинител, а уште посилни ќе бидат опструкциите при реформите (системски и кадровски) во судскиот систем, кој целосно е колабиран и некредибилен да води “војна” против носителите на тешки облици на институционален и организиран криминал.

Реформите ќе добијат широка поддршка и ќе успеат ако се одвива транспарентно и со силата на аргументите“, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -