-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија нема полза од тоа што Димитров изрази жалење за изјавата на Дачиќ

Република Македонија нема никаква полза од тоа што министерот за надворешни работи, Никола Димитров изрази жалење за изјавата на српскиот колега Ивица Дачиќ дека Србија направила грешка признавајќи ја земјава под уставното име, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Катастрофалната меѓународна политика на Заев и Димитров која има заеднички именител ‘виткање кичма’ секојдневно ги урива позициите и достоинството на Република Македонија. Секојдневно сме сведоци на бројни изјави на бугарски функционери кои го напаѓаат јазикот, идентитетот, културата на Република Македонија“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од таму велат дека „бугарската страна го слави договорот и се потврдува дека Илинденското востание е бугарско, дека со договорот се става крај на македонизмот и дека децата во Македонија конечно ќе учат точна историја откако Заев ќе ги избрише книгите“.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата ‘За подобра Македонија’, бара можност и пратениците во македонското Собрание во име на граѓаните да имаат увид во овој договор со цел да се избегне било каков сомнеж за содржината“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави