3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

ВМРО-ДПМНЕ: Стопирање и блокирање на проекти од значење за граѓаните, не се од корист никому

„Вистинското лице на СДС се виде откако дојдоа на власт. Докажаа дека не се реформска туку антиреформска влада.

Министерот за култура и СДС со ребалансот на буџетот го блокираа и стопираа еден од најважните проекти за Република Македонија и за граѓаните. Укинати се над 80% од средствата. Со ова во целост се потврдува дека владата на СДС го блокира проектот.

Министерот за култура очигледно нема елементарно познавање за важноста на овој проект и зошто тој е од големо значење за државата.

Видливо е дека владата на СДС сака да ги стопира проектите кои се предложени од претходната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, без разлика колку е корисно и значајно за граѓаните на Република Македонија.

Стопирање и блокирање на проекти кои се од огромно значење за граѓаните, не се од корист никому. Затоа наместо блокади време е владата на СДС да се фати за работа, затоа што граѓаните не сакаат празни ветувања. Ако продолжат вака, министрите од владата на СДС во историјата ќе бидат испишани како варвари на културата и културното наследство во Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

поврзани објави

Последни објави