22.8 C
Skopje
Sunday, October 6, 2024

Адеми се сретна со претставници на Сојузот на албанската дијаспора

 

Министерот во Владата на Република Македонија, задолжен за дијаспората Едмонд Адеми, имаше работна средба со претставници од Сојузот на албанската дијаспора (САДМ) за Македонија од Европа и САД, соопшти денеска неговиот кабинет.

Министерот Адеми, истакна дека дијаспората е неделив дел на државата каде со меѓусебна соработка може да се градат мостови на меѓусебна доверба и коректна соработка.

Исто така, потенцираше дека дијаспората еден од клучните столбови за развојот на државата, како што е развојот на односите во политиката, културата, образованието и науката, а особено со вклучување на младите во овој процес.

САДМ ја поздрави одлуката на Владата за именување на министерот за односи со дијаспората, што ќе создаде можност и отворен пат за соработка меѓу матичната држава и дијаспората.

Сојузот на албанската дијаспора, меѓу другото, истакна дека треба да има директно пристапување и да се направи целосна департизација на нејзините претставници.

– Со департизацијата на дијаспората се придонесува таа да биде обединета, компактна и единствена во духот на инвестициите во сите области на соработка, истакна Џеват Преспа од САДМ.

Двете страни искажаа интерес за отворена соработка во иднина, се вели во соопштението од кабинетот на министетрот Адеми.

поврзани објави

Последни објави