fbpx
8.8 C
Skopje

СДСМ: Заврши времето кога Милошоски можеше тајно да преговара со соседите

АКТУЕЛНО

СДСМ со писмено соопштение реагираше на прес-конференцијата на Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ.

„Заврши времето кога ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски и Никола Груевски можеа тајно и далеку од очите на јавноста да преговараат за отворените прашања и да имаат монопол во односите што нашата земја ги воспоставува со соседите и меѓународната заедница.

Интерес и на Владата и на граѓаните е Република Македонија да има добра соработка со соседите и да стави крај на кавгите и изолациите. Спротивно на тоа, Милошоски денес кажа многу невистини иако како претседател на собраниската Комисија за надворешни работи имаше целосен увид во нацрт верзијата на договорот за добрососедство со Република Бугарија.

Се што прави новата Влада предводена од СДСМ на домашен и меѓународен план е во интерес на евро-атлантските перспективи и добрососедските односи и во целосна заштита на државните и националните интереси. Граѓаните ќе бидат целосно и навремено информирани, а одлуките за сите прашања ќе ги носи Собранието на Република Македонија како највисок државен орган“ се вели во реакцијата на СДСМ.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -