11.8 C
Skopje
Thursday, April 25, 2024

Обвинителството бара највисоки казни за обвинетите во Диво насеље

Обвинителството во завршните зборови за случајот Дива населба  денеска побара највисоки казни за 37 – те обвинти на кои им се суди за тероризам и терористичка организација, во терористичките напади кои се случија во Куманово на 9 – ти и 10 – ти мај пред две години и во кои загинаа осуммина припадници на МВР, а околу четириесетмина беа повредени.

Обвинителството на рочиштето објаснуваше кој бил напаѓач, кој бил логистика и помагал групата илегално да премине од Косово во Македонија, кој го обезбедил оружјето, а кој храна.

Одбраната пак бара увид Од одбраната посочија дека нивните завршни зборови ќе ги дадат на следното судско рочиште кое е закажано за 28 овој месец.

Денеска се елаборираа доказите еден по еден. Судењето за „Диво насеље“ почна во февруари минатата година.

поврзани објави

- Advertisement -spot_img
- Advertisement -
- Advertisement -spot_img

Последни објави