fbpx
4.8 C
Skopje

Делчевец во Бугарија доби казна од 1500 лева

АКТУЕЛНО

Жител на Делчевско казнет со 1.500 лева , односно околу 750 евра во Бугарија. Казната му ја одредил судот во Благоевград откако било утврдено дека го пречекорил дозволеното време за престој во Бугарија, јавуваат бугарските медиуми.

За сторениот прекршок се разбрало, откако тој одлучил да се врати во Македонија. При проверка на пасошот на граничниот премин „Станке Лисичково“ церинарниците утврдиле дека делчевецот ја претерал. Наместо легалните 91 ден, делчевецот кај источниот сосед поминал дури 577 дена, односно еднаипол година.

Тој во Бугарија влегол во ноември 2015 –та и наместо да ја напушти државата во февруари 2016, тој никаде непријавен и надвор од сите закони таму останал до јуни годинава.

Ова било доволна причина, буграските власти веднаш да му изречат казна од 750 евра, која тој сега ја обжелил на повисока инстанца.

Според , бугарските портали, жалбата најверојатно ќе му биде прифатена, зашто според адвокатите тој прекршокот го направил на 91-от ден , а не на 577-от како што му пресметал судот во Благоевград.

Повеќе за ова може да видите ОВДЕ

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -