fbpx
2.3 C
Skopje

„Експрес“: Лондон би можел да се повлече од преговорите за Брегзит

АКТУЕЛНО

Велика Британија ќе се повлече од преговорите за Брегзит, доколку Брисел продолжи да инсистира за задржување на јурисдикцијата на Европскиот суд на правдата, тврди лондонскиот весник „Дејли Експрес“, повикувајќи се на неименуван министер во Владата на Тереза Меј.

– Инсистирањето на ЕУ, овој европски Суд да ја задржи јурисдикцијата во некои сегменти од идните европско-британски односи и по Брегзит, претставува многу тежок проблем во започнатите преговори, изјавил министерот за весникот.

Станува збор за позицијата на Европската комисија, Европскиот суд на правдата да биде овластен за територијата на Велика Британија за прашања поврзани со човековите права и заштитата на државјаните на ЕУ, кои ќе останат во земјата, како и за трговијата, нуклерната соработа и уште некои други сектори.

Официјален Лондон, меѓутоа, од почетокот е против натамошната јурисдикција на судот во Велика Британија, а „Дејли Експрес“ потсетува на една поранешна изјава на министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис дека „британските судови че одлучуваат за европските државјани што ќе останат во Британија“. Според Дејвис, тука нема и не може да се прават компромиси.

Лондонскиот весник, кој важи за силно проконзервативен и кој беше предводник на тврдата антиевропска кампања за напуштање на Унијата, сега тврди дека ЕУ е „бескомпромисно определена“ да и наметне на Велика Британија нешто што таа не сака и нема да го прифати, па затоа во една ваква ситуација единствено што би преостанало би било британско повлекување од преговороте.

Опцијата за напуштање на преговорите и на ЕУ без договор со Брисел е омилена тема на „тврдите брегзитери“ во редовите на владејачката Конзервативна партија и се почесто е орудие за притисок врз премиерката Тереза Меј, чии позиции се значително ослабени по неуспехот на изборите.

Министерот за финансии Филип Хамонд и британските компании повеќепати досега предупредуваа на „несогледивите тешки поседици“ од едно вакво решение, за кое велат дека би им нанело штета на британските интереси и на обичните луѓе.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -