Најголемата американска компанија за онлајн продажба „Амазон“ како нова понуда за продажба пушти ролна тоалетна хартија со испечатени твитови на претседателот Доналд Трамп.
Цената на производот изнесува 12 долари, а првичните количества моментно се распродадени.
Производителот ги собрал пораките на Трамп од Твитер, кои предизвикале најголем јавен интерес уште од периодот 2012-2014 година.
На „Аазон“ се продава и ролна тоалетна хартија со монохромни фотографии на Трамп, како и на неговата против-кандидатка на изборите минатата година, Хилари Клинтон.