6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Шилегов: ДПМНЕ да ја смени реториката со која сака да направи инцидент во Собранието

– Преку обид да го блокираат Собранието, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ сакаат да го прекинат процесот за разрешување на јавниот обвинител Марко Зврлевски, рече Петре Шилегов, пратеник од СДСМ.

– Тие се нервозни поради судските процеси кои ги очекуваат и им препорачуваме да ја сменат реториката со која се обидуваат да направат инцидент во Собранието, вели Шилегов.

Според него единствената цел на блокадата која ја прават пратениците на ДПМНЕ е бранење на криминалот на Груевски, но и покрај обидите Зврлевски ќе биде разрешен и никој нема да му помогне на ВМРО-ДПМНЕ.

Во врска со листите за кандидати на локалните избори, Шилегов изјави дека се уште се анализира и е се процес на подготовки.

– СДСМ со досегашната работа има лице да ја побара поддршката од граѓаните, додаде Шилегов.

поврзани објави

Последни објави