Нашата најдобра тенисерка, Лина Ѓорческа во четврток (12.01) ќе го одигра првиот квалификациски натпревар за учество на првиот гренд слем турнирот Австралија опен.
Ѓорческа (206. на ВТА) на стартот од квалифкациите ќе ги одмери силите со Саша Викери, Американка која се наоѓа на 137. место на ВТА листата, што веќе на хартија ја прави и фаворит.
Ова ќе биде втор предизвик за Лина да избори учество на гренд слем турнир, откако во првиот обид, за УС Опен, Ѓорческа беше поразена убедливо од Белис со 6:0, 6:2.
Дуелот помеѓу Ѓорческа и Викери е закажан како трет на теренот број 22, што според предвидувањата, средбата би требало да започне точно на полноќ помеѓу четврток и петок.