Регионалните медиумите во Мароко пренесуваат дека е забрането производство и продажба на бурки, сето тоа поради безбедносни причини. Забраната се однесува на бурки кои го прекриваат целото лице, додека повеќето жени во Мароко носат марами без вел или никаба.
Како што пренесува денешното издание на „Индепендет“, владата не доставила официјален документ за забрана, но устно ги известува производителите и продавачите да прекинат со тоа, на неодреден момент.
Голем број на криминалци користат бурки, со кои добро се сокриваат и успешно им се сокриваат на властите. Во јавноста се поделени околу оваа одлука, едни ја сметаат за смешна, додека други оценуваат дека е одлична, затоа што бурка која го покрива целото лице воопшто и не е дел од традицијата на културата во Мароко.