27.8 C
Skopje
Wednesday, June 12, 2024

Сообраќајна несреќа во Германија, повредени 44 лица

Четириесет и четири лица се повредени во автобуска несреќа во Германија денеска, а најголем дел од повредените се романски државјани, јави новинската агенција ДПА.

Во автобусот превезувале околу 50 луѓе, повеќето од нив Романци, кои биле ангажирани да берат јагоди. Шестмина од повредените се со сериозни повреди. Полицијата соопшти дека возачот на автобусот ја загубил контролата над возилото на дел од патот во градот Бомте, во Долна Саксонија.

 Извор: Република

поврзани објави

Последни објави